27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТворештвото на Павловски на англиски јазик

Творештвото на Павловски на англиски јазик

pavlovski

На англиски јазик од печат излегоа шест романи од истакнатиот македонски писател Божин Павловски, во издание на  AEA издавачи од Мелбурн, финански помогнати од  Литературниот борд на Австралија.

Во колекцијата застапени се романите „Вест Ауст”, кој досега е преведен на 17 јазици, „Рогот на љубовта”, „Градинар“, „Пустина”, „Сонување на патот”, „Подвижни гробови” и „Патување со љубената”.

Во чест на 75 годишнината од раѓањето на авторот, од печат ќе излезат уште шест романи: „Зима во лето”, „Убавицата и Мародерот”, „Црвениот хипокрит”, „Мирисите на доилката”, „Светлечкиот поток” и „Дивина”. Колекцијата од 12 книги ќе биде достапна во печатена и во електронска форма.

Во реализацијата на овој проект учествуваше екипа преведувачи од Австралија и од САД. Уредник на колекцијата е Бредли Досон.

Изданијата се проследени со извадоци од критичките толкувања на: Лисиен Кирзи, Ален Боске, Јан Кефелек, Пјер Гамара, Никита Станеску, Дину Фламанд, Кристијан Гидичели, Жил Коста, Артур Силвестри, Дарие Новачеану, Марин Минку, Миха Мате, Гжегож Латушински, Бернар Пиво и Ѓакомо Скоти.

Божин Павловски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на Интербалканската награда за литература во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП