9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНов циклус концерти „Кирилица“ на филхармонијата

Нов циклус концерти „Кирилица“ на филхармонијата

kirili koncerti

Македонската филхармонија ќе одржи концерт „Кирилица“, прв од овој циклус во новата сезона, во четврток во Домот на АРМ со почеток во 20 часот.

На програмата се дела од македонските композитори Кирил Македонски и Валентина Велковска-Трајановска, како и две композиции од уметничкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт – неговата „Париска“ симфонија и Симфонијата кончертанте за дувачи.

Концертот ќе се одржи под палката на маестро Борјан Цанев, а како солисти во Симфонијата кончертанте ќе се претстават водачите на оркестарот на Македонската филхармонија – Владимир Лазаревски, обоа, Здравко Ангелов, кларинет, Џијан Емин, хорна и Ванчо Стојановски, фагот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП