„Apple“ продолжува да го предводи глобалниот пазар на паметни телефони.
„Apple“ ги зазеде првите четири места на глобалната листа на најпродавани телефони со „iPhone 16“, „iPhone 16 Pro Max“, „iPhone 16 Pro“ и минатогодишниот „iPhone 15“, според анализата на „Counterpoint Research“.
Според „MacRumors“, популарноста на „iPhone 16“ не е случајност. За разлика од претходните години кога моделите „Pro Max“ беа на врвот на листите, „iPhone 16“ има чип A18, речиси идентичен со чипот A18 Pro во „iPhone 16 Pro Max“.
Покрај подобрената обработка, „iPhone 16“ додава и функции како што се копчето за акција и копчето за контрола на камерата, кои претходно беа достапни само на моделите „Pro“.
Оваа промена го намали јазот помеѓу обичните и „Pro“ моделите, давајќи им на потрошувачите повеќе за нивните пари и значително зголемувајќи ја популарноста на „обичниот“ модел на неколку глобални пазари.
Од 10-те најпродавани паметни телефони во првите три месеци од оваа година, „Apple“ зазеде пет места. „iPhone 16 Plus“ се најде на 10-то место, додека новоиздадениот iPhone „16e“ исто така предизвика возбуда, достигнувајќи го шестото место на ранг-листата во март 2025-та година.
Со цена во средниот сегмент, „iPhone 16e“ има привлечен сет на карактеристики што оди подалеку од она што го направи „iPhone SE“ во првата година на пазарот. Се очекува да го надмине својот претходник во однос на вкупната продажба благодарение на неговиот ажуриран хардвер.