28 април, 2024
ПочетнаДИЕТИНискокалорична диета

Нискокалорична диета

13403_0

Нискокалоричната диета е за вас доколку сакате да симнете 4-5 килограми за две недели. Основниот принцип во нискокалорична диета е да јадете еден ден протеинска храна, а следниот – храна богата со витамини и минерали.

И двата видови на храна во овие денови се сиромашни со калории – не повеќе од 700, но и покрај тоа се здрави. Ако го почитувате ова правило, не само што ќе намалите килограми, туку и ќе ги задоволите потребите на организмот од протеини, витамини и минерали.

 

Нискокалорична диета – пример мени

 

Прв ден

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 ржан двопек, 1 јаболко

Ужина: 1 чаша свежо цеден сок од зеленчук

Ручек: 300 г варен зеленчук

Ужина: 1 чаша свежо цеден сок од домати

Вечера: 200 г целер, варен и зачинет со црн пипер и магдонос

 

Втор ден13403_1

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 пченкарен двопек, 50 г посна шунка

Ужина: 1 чаша свежо цеден сок од портокал

Ручек: 300 г печено телешко месо со 100 г печурки. Печете го месото без масти, а печурките обарете ги во посебен сад и откако ќе бидат готови додадете ги во печката да се потпечат со месото.

Ужина: кафе или чај без шеќер

Вечера: 200 г пилешко филе на скара без масти

 

Трет ден

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 грејпфрут

Ужинка: 2 јаболка

Ручек: 150 г грозје

Ужина: 200 г печена тиква

Вечера: 1 грејпфрут

 

Четврти ден

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 интегрален двопек, 30 г риба на скара приготвена без масти

Ужина: 1 чаша ајран

Ручек: 250 г рибно филе со 30 г магдонос, печено во фолија со малку масло и зачинето со црн пипер и сок од лимон

Ужина: 1 чаша ајран

Вечера: 200 г варена риба

 

Петти ден

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 ржан двопек, 2 домати

Ужинка: салата од домати и краставици

Ручек: 1 салата од свежа зелка со моркови и цвекло, зачинета со масло, лимон, црн пипер и малку сол

Ужина: 3 домати зачинети со црн пипер

Вечера: 1 салата од свежа зелка, цвекло и моркови, зачинета со оцет, масло и малку сол, 1 јаболко

 

Шести ден13403_2

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 пченкарен двопек со 3 лажици урда, помешана со ситно сецкан магдонос

Ужина: 1 чаша обезмастено млеко

Ручек: 3 варени јајца, 1 чаша обезмастено млеко

Ужина: 1 чаша јогурт

Вечера: пилешки стек на скара подготвен без масти, 1 домат

 

Седми ден

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 интегрален двопек, 1 јаболко

Ужинка: 3 моркови, рендани и зачинети со лимонов сок

Ручек: 1 салата од свежа зелка, моркови и цвекло зачинета со масло и сок од лимон

Ужина: 1 банана

Вечера: 1 салата од свежа зелка, моркови и цвекло зачинета со масло и сок од лимон, 1 јаболко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП