Предлогот законот за намалување на царинските стапки на 67 стоки и целосна либерализација на увозот со САД е веќе во собраниска процедура и се очекува да стапат на сила од 1 јули 2025 година. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција информираше дека со предлогот се опфатени стоки кои се утврдени како приоритет од страна на бизнис заедницата и дека се однесуваат на секторите на автомобислката, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергитиката.
„Од 1 јули со измените се врши намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите постојни царински стапки и царинските стапки за тие стоки во ЕУ. Односно пластично претставено со пример – ако царинската стапка на одредена стока кај нас изнесува 20%, а во ЕУ за истата стока 10%, со тековните измени стапката се намалува на 15%. Истовремено пристапуваме кон целосно усогласување со царинската стапка што се применува во ЕУ за литиум јонските батерии за складирање електрична енергија во секторот енергетика. Односно од 1 јули царинската стапка за нив од 15% се намалува на 2,7% со што директно помагаме во енергетскиот сектор.“, рече министерката за финансии.

