9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовирана монографијата 70 години градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Промовирана монографијата 70 години градска библиотека „Браќа Миладиновци“

koceta 33

Во рамки на активностите за одбележување на 70 годишнината од постоењето на библиотеката „Браќа Миладиновци“, во четврток беше промовирана  монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци- Скопје”.

На промоцијата на монографијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорката на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Гордана Петревска, додека монографијата ја презентираше проф. д-р Виолета Мартиновска.

„Долгата историја на библиотеката со многу емоции е пренесена во монографијата. Авторите прават обид да ги претстават состојбите и активностите во библиотеката во изминатите 70 години, со изразит акцент на првата половина од историскиот развој, претставувајќи детали кои немале можност да ги запознаат посетителите.  Во тој контекст оваа монографија претставува еден печат во времето и просторот, значаен едукативен материјал за сите генерации, читатели и сведок за активното учество при преведувачката и издавачката дејност и сведок за големиот библиотечен фонд и архива која ја има оваа институција“, рече градоначалникот Трајановски.

Директорката Петревска направи ретроспектива на создавањето, развојот и работата на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ изминативе 70 години.

„Во 1950 година Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ имала 9. 520 книги на располагање, додека денес бројката е над 1.200.000 книги и публикации. Денес, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е современа библиотека и едукативен центар која извршува дејности од јавен интерес и наша цел е да продолжиме да работиме во насока на задоволување на потребите на нашите чататели“, рече Петревска.

Беа доделени пофалници на истакнати работници за особен придонес во работата и развој на Библиотеката и плакети на Град Скопје и Министерството за култура.

Посебна плакета за особен придонес во развојот и унапредувањето на Библиотеката беше доделена и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП