10 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е листата на 15-те најбогати луѓе во светот: Само двајца не...

Ова е листата на 15-те најбогати луѓе во светот: Само двајца не се од Америка

Според магазинот „Форбс“ од мај 2025 година, дури 15 поединци во светот имаат лично богатство кое надминува 100 милијарди американски долари. Ова е најголемиот досега регистриран број на таканаречени „центимилијардери“ – супербогатата елита чие богатство ги надминува ограничувањата што претходно не беа замислени за мнозинството од светската популација.

Илон Маск, основачот на „Тесла“ и „Спејс Екс“, повторно се најде на врвот на листата со 342 милијарди долари.

На второ место е Марк Цукерберг, основачот на Мета, со богатство од 216 милијарди долари.

Веднаш зад него е Џеф Безос, основачот на „Амазон“, чие богатство се проценува на 215 милијарди долари, и покрај неговото формално пензионирање од раководството на компанијата.

Поголемиот дел од оваа ексклузивна група е составена од Американци. Единствените неамерикански членови на овој елитен клуб се Французинот Бернар Арно, претседател на луксузниот конгломерат LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy), и Шпанецот Амансио Ортега, основач на Inditex, модната групација што вклучува брендови како Zara, Massimo Dutti и Bershka.

Меѓу најбогатите се Лари Елисон (Oracle), Стив Балмер (поранешен шеф на Microsoft) и Лари Пејџ и Сергеј Брин (основачи на Google).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП