Според пресметките на Државниот завод за статистика, инфлацијата во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи зголемување од 3.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, изнесува 1.5 %.
Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 4.1 %, Разновидни стоки и услуги за 1.5 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.8 %, Облека и обувки за 0.5 %, Рекреација и култура за 0.4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за 0.1 %.
Во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.6 %, Ресторани и хотели за 0.2 % и Комуникации за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во мај 2025 година во однос на април 2025 година изнесува 100.2.