Нова сеопфатна забрана за патување, потпишана од актуелниот претседател на САД Доналд Трамп минатата недела, стапи на сила денес.
Одлуката им забранува на граѓаните на вкупно 12 земји да влегуваат во Соединетите Американски Држави, додека граѓаните на седум други земји подлежат на делумни ограничувања. Листата на земји чии граѓани повеќе не смеат да влегуваат во САД ги вклучува: Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго-Бразавил, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.
Дополнителни делумни забрани се воведени за граѓаните на Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела. Трамп рече дека листата може да се промени доколку има „значајни подобрувања“ во тие земји и дека може да се додадат нови земји „како што се појавуваат закани низ целиот свет“.
Ова е втор пат Трамп да воведе ваков вид забрана за време на неговиот мандат. Првата ја воведе во 2017 година, за време на неговиот прв мандат како претседател. Белата куќа вели дека станува збор за „разумни мерки“ насочени кон заштита на Американците од опасни странски државјани.
