7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовиран првиот македонски крими-трилер роман

Промовиран првиот македонски крими-трилер роман

promo bot 0666

Проследена со звуците на музиката на црковно-византискиот состав Хармониси, на 5-ти ноември во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“, се одржа несекојдневна промоција на романот „Крвава уметност“ на авторот Срѓан Ивановиќ.

promo bot 0344

Она што ја прави промоцијата различна и посебна е што „Крвава уметност“ и официјално е прв крими-трилер роман во Македонија. Авторот Ивановиќ долго време е спортски новинар, а за крими-роман се инспирирал од секојдневието, уметноста, криминалот, политичките поделби и меѓучовечките односи.

promo bot 01

Промоцијата се одржа во интимната атмосфера на „Децата од нашата улица“, каде што беа присутни најблиското семејство на Ивановиќ, колегите и пријателите, како и многу љубители на добриот пишан збор.

promo bot 04

По завршувањето на промоцијата која што ја водеа Елена Романова од Сити Радио и самиот автор Срѓан Ивановиќ, романот беше достапен за продажба. Ивановиќ несебично се заблагодари на сите присутни и оние кои што помогнале во реализацијата на романот. На крајот, секој што ја купи книгата имаше можност да добие уникатна посвета од авторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП