10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДрамата „Шепотењето на Антигона“ изведена на три јазика во Центарот за Култура...

Драмата „Шепотењето на Антигона“ изведена на три јазика во Центарот за Култура во Дебар

antigona

Во рамките на соработката на општините Дебар и Иф (Франција), во четвртокот навечер во Центарот за Култура во Дебар дебарчани имаа можност да ја проследат драмската претстава на македонски, албански и француски јазик „Шепотењето на Антигона“, во режија на Фабиен Герих.

Оваа драма е дел од проектите за соработка на младите на Дебар и Иф со Програмата Еразмус Плус. Француската режисерка изјави дека оваа е првпат да режира драма на три јазика и додаде дека е многу задоволна од квалитетот на драмата и силната поддршка што ја доби од дебарската публика.

Координаторот на младите актери аматери од Дебар кои беа дел од актерската екипа Џевит Мифтаровски информираше дека оваа драма претходно била подготвувана две недели во Франција, додека неговата колешка исто така од Дебар Арјета Јани информираше дека драмата на три јазици ќе биде учесник и на еден меѓународен фестивал кој ќе се одржи во април идната година во Франција.

Инаку во рамките на соработката на Дебар и Иф градоначалникот на Дебар Ружди Лата прими делегација од градот Иф, со која е разговарано за продлабочувањето на соработката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП