7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНаграда за Мето Јовановски во Црногорскиот народен театар

Награда за Мето Јовановски во Црногорскиот народен театар

мето-јовановски

Македонскиот актер, Мето Јовановски, кој неодамна беше прогласен за Doctor Honora Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во понеделникот ја доби „Големата награда“ на Црногорскиот народен театар за најзначаен уметнички резултат остварен на сцената на овој театар за 2015 година.

Наградата свечено му беше врачена во рамките на Денот на народниот театар, а одлуката на Советот на театарот предизвика овации меѓу присутните.

Од оваа учебна година Мето Јовановски е професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје со што првпат овој меѓународно афирмиран уметник, водејќи своја класа ќе ги пренесе своите знаења на идните поколенија.

Мето Јовановски припаѓа на екипата на најголеми актери на просторот на поранешна Југославија. Сега е театарски и филмски актер кој не признава никакви граници.

Мето Јовановски двапати играше на сцената на Црногорскиот народен театар, и тоа во две големи и значајни престави. Во 2001 година играше во „Малограѓани“ од Максим Горки во режија на Паоло Маѓели и улогата на Василиј Василијевич му донесе статус на почесен член на ЦНП.

Во изминатата сезона Мето Јовановски го играше Василиј во „Урнебесна трагедија“ од Душан Ковачевиќ во режија на Вељко Миќуновиќ. Василиј на Мето е создаден од контрапункт, движејќи се од чемер до смеа и назад притоа пронаоѓајќи ги сите валери на сложениот ракопис на Ковачевиќ и иноватнивниот режисерски зафат на Вељко Миќуновиќ.

Но, сепак, ликот е само и исклучиво креативна сопственост на Мето Јовановски. Тој игра на начин кој ги брише границите помеѓу театарот и животот што можат да го прават само големи мајстори. Мето со својот актерски и човечки хабитус е мајстор- се вели во одлуката за наградата, пишуваат црногорските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП