15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивалот на албанскиот фолклор „Ода Дибране“ отворен во Дебар

Фестивалот на албанскиот фолклор „Ода Дибране“ отворен во Дебар

oda-dibrane

Фестивалот на албанскиот фолклор „Ода Дибране“ (Дебарска одаја), што се одржува по 21 пат во албанскиот град Пешкопеја, првата вечер ја одржа во Дебар.

Првата фестивалска вечер во Дебар ја отворија градоначалниците на Дебар Ружди Лата и на Пешкопеја Шукри Џелили.

Првата вечер од овој голем фестивал на албанскиот фолклор ја отворија со својот настап фолклористи од Дебар и Пешкопеја кои се преставија со песни и ора од Дебарскиот регион, а потоа настапи имаа и ансамбли и фолклорни групи од Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија.

Овој фестивал кој стартуваше пред 21 година во албанскиот пограничен град Пешкопеја инаку оддалечен од Дебар 24 километри, оваа година за првпат првата вечер ја отвори во Дебар, а наредните три фестивалски вечери ќе бидат во Пешкопеја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП