25 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМинистерката за култура Канческа-Милевска ја прими новоименуваната австриска амбасадорка

Министерката за култура Канческа-Милевска ја прими новоименуваната австриска амбасадорка

kance 333

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше работна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Австрија во Република Македонија, Рената Коблер.

На средбата, соговорничките се согласија дека Република Македонија и Република Австрија традиционално имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата.

Министерката за култура Канческа-Милевска потсети дека досегашната соработка со Република Австрија е на одлично ниво со континуирано претставување на македонските културни вредности во оваа земја, но значаен е и бројот на содржините со кои австриската култура се претставува во Република Македонија. Таа нагласи дека на особен прием кај австриската публика наидоа културните содржини кои  минатата година беа презентирани во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“, која се одржа по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во согласност со Годишната програма на Министерството за култура, во 2015-та година беше поддржана реализацијата на повеќе содржини преку кои македонската култура се претстави во Австрија, меѓу кои: учеството на Мандолинскиот оркестар при МКЦ на Интернационалниот музички фестивал за хорови и оркестри во Виена, учеството на балетското студио „Арт балет“ на натпреварот „Виена опен“, концертната турнеја на Тони Китановски и Черкези оркестар и многу други настани, а до крајот на годинава е предвиден и концерт на македонската пијанистка Елена Мисиркова, која ќе настапи со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија. На средбата беше нагласена и важноста на настаните преку кои традиционално австриската култура се промовира во Република Македонија, како што е организирањето на Виенскиот бал, како и повеќето ликовни и музички претставувања на уметници од Австрија.

Двете соговорнички разговараа и за можноста за продлабочување на соработката во областа на културата меѓу Република Австрија и Република Македонија, како и за реализација на копродукциски проекти меѓу институциите од областа на културата во двете земји, особено во областа на филмската дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП