14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуски „Газпром“ почна со испорака на гас за Украина

Руски „Газпром“ почна со испорака на гас за Украина

gas 535

„Газпром“ до крајот на октомври во максимален режим може на украинската компанија „Нафтогаз“ да и испорача 2,166 милиони кубни метри природен гас, соопшти денеска челникот на рускиот енергетски гигант Алексеј Милер.

Според соопштението, Украина побарала испораки на гас од 114 милиони кубни метри на дневно ниво, што одговара на годишната побарувачка на гас за Украина од 52 милијарди кубни метри. Така, преку максималната испорака на 114 милиони кубни метри гас, во следните 19 дена од октомври „Газпром“ може да ги испорача бараните 2,166 милијарди.

„Денеска „Газпром“ започна со испораката на гас за Украина. Од „Нафтогаз Украина“ е извршено авансирано плаќање од 234 милини долари од ветените 500 милиони за октомври“, изјави Милер за медиумите.

Операторот на украинските гасоводен систем „Укратрансгаз“ сепак немаат информации за обновувањето на испораките, изјавил за агенцијата ТАСС, портпаролот Максим Билавски.

Условите од т.н. „зимски пакет“ за испорака на рускиот гас за Украина и неговиот транзит во Европа, за периодот од 1-ви октомври од 31-ви март беше договорен на 25-ти септември во Брисел за време на трипартитниот состанок, пред кој Русија и Европската комисија изјавија дека ќе потпишан финален договор. Но тогаш украинскиот министер за енергетика и јаглена индустрија Владимир Демчишин изјави дека за официјално потпишување на договорот „мора да биде спроведена правна процедура“, чија суштина не ја објасни.

Подоцна рускиот министер за енергетика, Александар Новак, изјави дека Украина барала подигнување на статусот на трипартитниот договор за гасот на ниво на меѓувладин договор, што би било првпат во текот откако се одржуваат преговори меѓу Москва и Киев со посредство на Брисел.

Сепак, проблемот е во тоа што Европската комисија нема надлежност да потпишува договори со таков статус, а форматот на трипартитниот договор има статус на советодавно тело. Покрај тоа Москва, смета дека нема потреба овој договор да биде подигнат на меѓудржавно ниво.

На 25-ти септември Русија и Украина постигнаа договор за испораките на рускиот природен гас по намалена цена од 230 американски долари за илјада кубни метри гас во последниот квартал. Русија ја прекина испораката на гас за Украина во јули кога истече постојниот договор, по што Киев одби да продолжи да ја плаќа цената од 247 американски долари за илјада кубни метри гас.

Марош Шефчович, комесар на Европската комисија за енергија, изјави на прес-конференцијата дека прелиминарниот договор е „клучниот чекор“ за да се обезбеди дека Украина ќе има испораки на гас од октомври до март.

Русија и Украина со години се во спор околу испораките на гасот, што се влоши уште повеќе откако во февруари 2014 година беше соборен претседателот Виктор Јанукович. Во претходните спорови во 2000 и 2009 година, Москва ги прекина испораките за Украина обвинувајќи дека ги поткраднува испораките кои преку нејзината мрежа одат за Европа, предизвикувајќи недостиг од гасот, поради што и се реши на градењето на гасоводите коишто до 2019 година целосно ќе ја заобиколуваат Украина. Русија покрива повеќе од третина од европските потреби за гас, а половината од тоа оди преку украинскиот гасовод.

Во aприл 2014 година Русија објави дека го повлекува намалувањето на цената на својот гас за Украина постигнат во договор со сега соборениот украински претседател Виктор Јанукович, од декември 2013 година. Според тој договор, цената беше намалена за повеќе од третина и се симна на 268 долари за 1.000 кубни метри гас. Така веднаш по укинувањето на сите договори и попусти, цената на рускиот гас за украинските потрошувачи се зголеми на 485 долари за илјада кубни метри.

Намалувањето на цената на рускиот природен гас од дополнителни 100 долари за Украина беше предвидено со договорот од 2010 година, како дополнителен бонус што Москва покрај 100-те милиони долари годишно ги исплатуваше на својот сосед за користењето на воената поморска база на својата Црноморска флота кај Севастопол на полуостровот Крим до крајот на 2017 година, по што ќе следуваше друг анекс на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП