30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСнимени две епизоди од кавадаречки народни приказни

Снимени две епизоди од кавадаречки народни приказни

kav prikazni

Кавдаречките народни приказни за „Умната мома“ и „Големиот драпаџија“ кои се дел од преубавиот проект на Кавадион Продукција и градоначалникот и советот на Општина Кавадарци за зачувување на приказните кои ги создавале, прераскажувале и од колено на колено ги пренесувале луѓето кои живееле на просториите на Тиквешијата, во понеделник, премиерно ќе бидат прикажани пред кавадаречката и македонската јавност.

„Снимањето на првите две епизоди од серијалот „кавдаречки“ народни приказни е резултат на една долгогодишна и макотрпна работа на собирање на приказни кои се специфични за Тиквешијата и го карактеризираат целиот регион. Примарната цел ни е да ги зачуваме од забот на времето приказните кои ги создавале, прераскажувале и од колено на колено ги пренесувале луѓето кои живееле на просториите на Тиквешијата, да потсетиме на животните мудрости, но и уште еднаш да го претставиме оној специфичен, препознатлив кавадаречки хумор кои луѓето, па дури и оние од Кавадарци дефинитивно го сакаат. Од друга страна, снимањето низ кавадаречките села, специфично за првите две епизоди во Мрежичко и Бојанчиште ни дава можност покрај автентичниот амбиент да ја пренесеме и архитектурата која исто така има многу интересни карактеристики“, изјави Диме Коцевски, режисер, актер и косценарист на серијалот „кавдаречки“ народни приказни.

Задоволен од досега сработеното и со големи очекувања пред премиерата закажана во понеделник е и директорот на фотографија и косценарист, Тони Коцев. „Колку што се честта и задоволството големи, исто толкава е и обврската да направиме квалитетен и достоен проект, со кој ќе се гордеат сите оние кои на било каков начин се поврзани со овој регион. Пресреќни сме што успеавме да направиме еден целосно кавадаречки проект, со наши, локални приказни, наши актери, режисери, камермани, целосно кавадаречка продукција“.

Единствена непозната во овој момент останува телевизијата на која ќе се емитуваат кавадаречките народни приказни.

„За целиот проект има голема заинтересираност од неколку национални и регионални телевизии, но преговорите се уште се во почетна фаза, но дефинитивно многу наскоро ќе го добиеме одговорот и на ова прашање“, вели Коцев.

Промоцијата на првите две епизоди од серијалот кавдаречки народни приказни ќе се оддржи во понеделник, 12 октомври, во 3D киното „КаоС“ со почеток од 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП