17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛондонски музеј изложува тајна збирка на Скотланд Јард

Лондонски музеј изложува тајна збирка на Скотланд Јард

skotland jard 39993

Со изложбата “The Crime Museum Uncovered” лондонскиот музеј сака да ја прикаже историјата на злосторот во Велика Британија преку збирката на Скотланд Јард која сè досега се чуваше во тајност, од првиот криминален случај разрешен во 1905 година благодарејќи на отпечатоците од прст, до јажињата што се користеле за бесење на осудениците на смрт.

Изложбата ќе биде отворена од 9-ти октомври до 10-ти април 2016 година, а посетителите на неа ќе можат да видат 600 до 2000 предмети собирани од средината на 19 век во седиштето на Скотланд Јард.

Сè досега само полициските офицери имале пристап до изложените премети во рамки на стручната обука, како и гостите на Скотланд Јард, истакна вчера кустосот Џеки Кели.

Целта на изложбата е да се запознае јавноста со начинот на работа на полицијата, развојот на технички помагала со кои располагала и со различните профили на криминалци со кои се пресметувале. Во фокусот на интересот се и нивните жртви „на чии имиња ретко се сеќаваме“, рече Кели.

Меѓу изложените предмети се ножеви, огнено оружје и белешките на Доналд Свансон, кој кон крајот на 1880-сеттите ја водеше истрагата за Џек Мевосек, како и посмртните маски на лицата погубени кон крајот на 19-ти век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП