2 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Марковска и на Марковиќ во Прилеп

Изложба на Марковска и на Марковиќ во Прилеп

izlozba pp 22

Во сабота, во ЦК „Марко Цепенков“, во ликовната галерија во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Две вистини“ од Марија Марковска и Часлав Марковиќ.

Уметниците, брачна двојка, на изложбата во Прилеп ќе се претстават со 30 дела.

„Две вистини“, проектот се базира на размислување за вистината во доживувањето на светот околу нас. Идејата се сведува на прашањето за вистината во самите облици, форми, бои и светлината. Вистината која појавно различно ја восприемаме, и како и во сите други области на барање на Вистината и во ликовната уметност, Марија и Часлав ја транспонираат на свој начин…на тој начин делата поставени едно до друго зборуваат за погоре кажаното…..за Вистината која се претворила во Две Вистини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП