6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува театарскиот фестивал „Малиот принц“ во Штип

Почнува театарскиот фестивал „Малиот принц“ во Штип

maliot princ 333

Со премиерно издание на претставата „Приказни по телефон”, во среда, во 19 часот, во Домот на културата во Штип, во режија на Деан Дамјановски, почнува третото издание на театарскиот детски фестивал „Малиот принц”.

Претставата ги следи последните седум дена до роденденот на малото девојче Бисера, на која единствена врска со нејзиниот татко и е телефонот, преку кој тој секоја вечер и раскажува приказни.

Во „Приказни по телефон” покрај актерите од штипскиот народен театар, ќе настапат и младите актери од драмското студио при Домот на културата. Покрај новата претстава на штипски театар, во рамки на фестивалот ќе бидат одиграни уште три театарски претстави.

Во четврток ќе се претстави театарот од Куманово со детската претстава „Пинокио“ која е работена според текст на Карло Колоди, а во режија на Бојана Краљевска. Фестивалот ќе биде затворен со претставата „Бајки за царот Нај” на театарот за деца и младинци од Скопје.

Детскиот театарски фестивал „Малиот принц” финансиски е поддржан од Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП