30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРААгенцијата за филм ќе ја промовира Македонија како дестинација за снимање филмови

Агенцијата за филм ќе ја промовира Македонија како дестинација за снимање филмови

agencija-za-film

Оваа година Агенцијата за филм на Република Македонија стана член на Асоцијацијата на меѓународни филмски комесари -The Association of Film Commissioners International (AFCI)

Република Македонија преку Агенцијата за филм на Република Македонија во периодот од 24ти до 26ти септември ќе присуствува на симпозиумот AFCI Cineposium 2015 кој се одржува во Барселона, Шпанија и ќе ја промовира Република Македонија како дестинација за снимање на филмови како и ќе размени искуства со филмските комисии од целиот свет со цел развивање на системот и механизмите кои со новиот закон за филмска дејност се имплементираат од 2014 година.

Овогодишната тема на овој настан е посветена на филмски туризам (Film Tourism) бидејќи согласно анализите направени од експертите во оваа дејност се утврдува дека филмските комисии денес се натпреваруваат за светска филмска индустрија во вредност од повеќе од 88,3 милијарди долари, додека приходите од туризмот меѓународно се зголемија за над 1 трилијарди долари.

Според истата анализа утврдено е дека над 1 милијарда луѓе патуваат на меѓународно ниво во различни земји за задоволство секоја година, додека секој петти турист е мотивиран од филмови или ТВ-програми. Како најистакнат пример е популарноста на франшизата на филмот „Хобит“ што се снимаше во Нов Зеланд, што ги зголеми туристичките посети во 2014 на оваа земја за над 3.155.000.000 долари, а кои во 2013 година изнесуваа 7.000.000 долари.

Агенцијата за филм на Република Македонија со поддршка на Владата на Република Македонија и Министерството за култура во овој период работи интензивно на промоција на Република Македонија како дестинација за снимање на филмови, врши промоција на природните и човечките капацитети со кои располага нашата земја како и промоција на продукциските и пост-продукциските компании и нивните капацитети се со цел привлекување на странски продукции да снимаат на нашата територија како и развој на филмската дејност во земјата.
Како резултат на оваа промоција е снимањето на францускиот филм “A fond” во режија на Николас Бенаму кој започна со своето снимање во септември во Македонија, а минатата седмица во Македонија престојуваа шест високи претставници од големите студија Warner Brothers, Walt Disney како и Entertainment Partners кои беа запознаени со нашите најубави локации и природни убавини, економските стимуланси и продукциските олеснувања кои нашата земја ги нуди како и запознавање со компании кои нудат продукциски и пост-продукциски услуги во нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП