6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на преводот од унгарски на македонски јазик на романот "Малечката Лили"

Промоција на преводот од унгарски на македонски јазик на романот “Малечката Лили”

малечката-лили

Промоција на преводот од унгарски на македонски јазик на романот “Малечката Лили”, во присуство на провокативната авторка од новата генерација европски писатели, Оршоја Карафиат, ќе се случи во среда во Гем клубот во Старата скопска чаршија.

Книгата ќе ја претстават промоторките Ана Мартиноска и Ирена Цветковиќ.

Преводот на романот е на Златко Панзов (јазична редакција Анамарија Цинеге Панзова), илустрацијата на корицата е на Марија Смилевска, а дизајнот на Бојси (brigada.mk)

Излегувањето на книгата е дел од програмата “Креативна Европа” на Европската унија, која го поддржа и гостувањето на унгарската авторка во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП