20 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАМандолинскиот оркестар на МКЦ со успех во Виена

Мандолинскиот оркестар на МКЦ со успех во Виена

mandolinski

Mандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје под диригентската палка на Ванчо Јовчев со успех учествуваше на 2. Меѓународен фестивал за хорови и оркестри “Wien Music Festival” што се одржа во Виена.

Нашите инструменталисти од неколку генерации одржаа два концерта, од кои вториот во салата на Конзерваториумот за драмски и музички уметности во Виена. На програмата беа изведени дела од Бах, Шуберт, Вилијамс, Шостакович,… како и неизбежното „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски.

Од нашите изведувачи посебно ја издвојуваме изведбата, како солист во делата на Вилијамс (темата од филмот „Шиндлеровата листа“) и на Шуплевски, на нашиот млад, но веќе докажан виртуоз на виолината, Ева Богоевска, се вели во соопштението на МКЦ.

И второто издание на фестивалот имаше ревијален карактер. На него годинава учествуваа ансамбли и хорови од Полска, Финска, Чешка, Норвешка, САД, Словенија, Италија и Македонија. Освен од публиката, за нашите музички уметници, особено драгоцени беа и аплаузите што на секој чекор ги добиваа од другите фестивалски учесници кои не го криеја воодушевувањето од квалитетот во изведбата на македонските колеги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП