13 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРАСТОТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА НЕНАДЕЈНО ЗАБАВЕН: Се очекува намалување на каматните...

РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА НЕНАДЕЈНО ЗАБАВЕН: Се очекува намалување на каматните стапки

Растот на платите во еврозоната нагло забави во првиот квартал од 2025 година, што ги поддржува очекувањата на пазарот дека Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ги намали каматните стапки наскоро, можеби веќе на следниот состанок за монетарна политика на 5 јуни.

Според податоците на ЕЦБ објавени денес, платите се зголемиле за само 2,4 проценти на годишно ниво, што е значителен пад во споредба со 4,1 процент во последниот квартал од 2024 година и далеку под минатогодишниот врв од 5,4 проценти раст.

Забавувањето на растот на платите дополнително го зајакнува верувањето дека инфлацијата во Еврозоната ќе продолжи да се намалува кон целта од два проценти, објавува Блумберг.

Цените во услужниот сектор, каде што платите се важен трошок, продолжија да растат со стапка од четири проценти на годишно ниво во април, но трендот на заладување на пазарот на трудот укажува на можно забавување и во овој сегмент.

По неколку години силен раст на платите, најновите колективни договори покажуваат дека на вработените им е сè потешко да им наметнуваат барања на работодавачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП