18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто значат најчестите кратенки во огласите за работа?

Што значат најчестите кратенки во огласите за работа?

kratenki 222

Често можете да ги слушнете интернет експерите како употребуваат различни кратеники, а за кои не знаете што значат.

Исто така Интернет акронимите се почесто се употребуваат во огласите за работа, а вие не сте сигурни дали воопшто сте за тоа работно место, затоа што не го знаете нивното значење.

Еве некои од најчестите кратенки:

B2B: Business to Business

Компанија која продава на други компании.

B2C: Business to Consumer

Компании кои директно им продаваат на потрошувачите.

BR: Bounce Rate

Се однесува на процент на луѓе кои ќе влезат на интернет страна и веднаш заминуваат од неа без кликнување на било која содржина на таа страна.

„Email bounce rate“ се однесува на процентот на неуспешно доставени електронски пораки. Обично ова се случува затоа што некои адреси се застарени или погрешно запишани.

CMS: Content Management System

Овој акроним се однесува на софтверот со чија помош се прават, водат и уредуваат интернет страните. Направен е за оние кои незнаат многу за програмските јазици, а сакаат да направат интернет страна која можат самите да ја водат. Прмиери за „CMS“ се: „WordPress“, „Drupal“, „Joomla“, „WIX“ и „Squarespace“.

CPA: Cost per Action

Тоа е модел на интернет маркетинг според кој личноста која ја стартувала рекламата плаќа за секоја акција (impression) која ќе ја изврши со некоја реклама, било да станува збор за кликнување, поднесување формулар или продажба. Интернет маркетинг експертите обично го користат „CPA“ со цел да одредат колку пари им требаат за реклама која успева кај луѓето.

CPC: Cost per Click

„CPC“ е начин на плаќањње во интернет маркетингот, што значи дека интернет страната кој користи „CPC“ ќе и наплати на личноста која ја рекламира нешто секој пат кога интернет корисникот кликне на нивната реклама. За овој метод на плаќање обично постои дневен буџет и веднаш штом ќе се протроши рекламата се гаси.

CPM: Cost per Mille

Овој модел на плаќање на реклами се базира на системот плаќање на 1000 „импресии“, „CPM“ единици односно 1000 прикази на реклама. Вкупниот трошок по „CPM“ моделот се смета така што цената на „CPM“ ќе се подели со бројот на „CPM“ единици. Пример може да биде огласувањето на „Facebook“ или „Google AdWords“.

CTR: Click through rate

Тоа е начин на кој може да се измери успехот на „online“ реклами. Се пресметува во проценти, така што ќе се подели бројот на кликови на рекламата со бројот на акции кои интернет корисникот ги превземал. Тоа потоа ќе се помножи со 100 и се изразува во проценти.

„CTR“ е одличен начин да процените колку е успешна вашата „online“ реклама или „online“ маркетинг кампања. Ако рекламното видео го погледнат 100 луѓе, но само една личност кликнала на неа, тогаш „CTR“ е 1 процент (oдносно 1:100).

GA: Google Analytics

„Google Analytics“ е сервис на „Google“ кој нуди детален увид во статистиката на сообраќајот остварен на една страна и сообраќајот до таа страна. Интернет маркетинг експертите го користат „GA“ со цел подобро да ги запознаат своите потенцијални потрошувачи, т.е. да дознаат од каде доаѓаат интернет корисниците на нивната страна и да ги видат сите форми на интеракции на корисниците на нивната страна.

PV: Page View

Прегледот на станица е барање да се вчита една страница на интернет. Експертите по интернет маркетинг го користат за да ги анализираат своите интернет страни, како и да проверат дали има некакви промени во резултатите на веб страните во смисла, помалку или повеќе прегледи.

Reach

Во светот на интернет маркетингот „reach“ се однесува на бројот на луѓе кои ја сочинуваат публиката на која е насочена вашата реклама.

SEM: Search Engine Marketing

„Search Engine Marketing“ подразбира плаќање на рекламирање преку пребарувач. Тоа е во вид на интернет маркетинг кој има за цел да ја направи страната видлива, т.е. да ја рангира во што повеќе резултати во пребарувањата, и тоа по пат на оптимизација и рекламирање.

SEO: Search Engine Optimization

Исто како и „SEM“, се фокусира на интернет маркетинг на ниво на пребарувачи. Најголемата разлика меѓу „SEO“ и „SEM“ е дека при користењето на „SEO“ не постои плаќање на пребарувачите. „SEO“ ги рангира интернет страните во огранско пребарување. Некои од клучните точки се оптимизација на слика, клучен збор, брзина на вчитување, „bounce“ стапка, линкување, споделување на друштвени мрежи и многу други работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП