2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈубилејно 40-то издание на Млад отворен театар

Јубилејно 40-то издание на Млад отворен театар

млад-отворен-театар

Од 23 до 28 септември љубителите на театарската уметност ќе уживаат во програмата на јулилејното 40-то издание на фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура.

„МОТ со своите 40 историски изданија значи многу за градот Скопје и за театарскиот живот воопшто, бидејќи го продолжува континуитетот со размена и циркулирање на млада, свежа и авангардна театарска енергија меѓу учесниците и посетителите на театарските настани. Досега во 40-те години на фестивалот, како учесници биле презентирани театарски групи, театри, како и самостојни театарски уметници од над 70 земји од Европа и од светот со повеќе од 700 изведби“, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

На повеќе различни сцени низ Скопје (МКЦ, МОБ, Универзална сала, Драмски театар, Театар комедија, Музеј на холокаустот и Македонски народен театар) ќе се одиграат вкупно 15 театарски продукции од кои седум се од Македонија , седум се од Србија, Швајцарија, Велика Британија, Грција, Русија, и една ко-продукциска претстава на Македонија, Србија, Хрватска и Словенија насловена „КОМПЛЕКС РИСТИЌ” во режија на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ.

Фестивалот ќе биде отворен на 23-ти септември, во 20 часот на Големата сцената на Македонска опера и балет со претставата „Алијас“, Женева, со настапот на водечка танцова група, чии членови на сцената се голи и затоа е означена како +16 години.

Истата вечер во МКЦ , во салата Фросина од 22.30 часот ќе се одигра и претставата „КОМПЛЕКС РИСТИЌ” во режија на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ, што е ко-продукциска претстава на театри од Македонија, Србија, Хрватска и од Словенија.

На 24.09.2015 година, во 20 часот на Мала сцена во МОБ е претставата „Самовили“, Гогољ центар од Москва, која исто така е означена како +16 години. Во 23 часот во во МКЦ ќе се одигра претставата „ Време за забава“, од театарката група Гнев.

На 25.09.2015 година, во 20 часот во МКЦ е претставата „Другата страна“ на нашиот автор Дејан Дуковски. Во 22:30 часот во Музеј на холокаустот е претставата „Солун, град на духови“ во изведба на Театарот на навигаторот Цветко од Скопје.

На 26.09.2015 година, 18 часот на Малата сцена во МОБ ќе се одржи претставата „Федра“, ко-продукциска претстава на театрите „Јордан Константинов Џинот“ од Велес и „Словенско младинско гледалиште“ од Љубљана. Во 20 часот во МКЦ ќе се одигра претставата „Црвена шума“ од Белорускиот слободен театар кој работи во Лондон, има 32 члена , а претставите ги игра тајно. Истата вечер, во 22.30 часот на Малата сцена на Театар комедија, Турски театар од Скопје ќе ја одигра претставата „Прометеј“.

На 27.09.2015 година, во 18 часот во Македонски народен театар, ќе се одржи претставата „Дневникот на лудакот“ на Мoving , musig theatre од Битола, во 20 часот во сала Фросина во МКЦ е претставата „Неопланта“ , што ќе ја одигра Новосадски театар „Ујвидеки синхаз“, а во 22.30 часот во МКЦ ќе се одигра „Кој пукаше на 21-ви?“ во продукција на МКЦ.

На 28.09.2015 година во 18 часот во Македонски народен театар ќе се одржи претставата „Електра“ во изведба на актерите на Македонски народен театар, а во 21 часот во МКЦ ќе се одигра претставта „ А каде е револуцијата, стоко?“.

Во рамките на овогодишниот МОТ ќе промовира и монографијата на Љубиша Никодиновски –Биш , посветена за 40-те фестивалски години, а годинава е новитет и организирањето на Македонскиот театарски маркет, на кој ќе бидат поканети режисери од повеќе држави коишто ќе можат да гледаат наши театарски претстави.

Реалното шоу, како што го нарече годинешново издание на МОТ, директорот на МКЦ Златко Стевковски, ќе биде реализирано со буџет од 7 милиони денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за култура, а од Буџетот на Град Скопје за оваа намена се издвоени 2 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП