5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнижевен саем „Патување на француската книга“

Книжевен саем „Патување на француската книга“

s kniga 33

Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје од денеска до петок организираат Книжевен саем за млади, насловен како „Патување на француската книга“.

Во рамките на манифестацијата ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија со „Камион со приказни“, којшто настапува во Македонија како дел од регионална турнеја.

Во четврток, во 12 часот, ќе биде свеченото отворање на Книжевниот саем за млади „Патување на француската книга“, од страна на д-р Иван Заров, директор на Националната и универзитетска библитека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, и Изабел Марки-Барбо, директорка на Францускиот институт во Скопје, а во присуство на Н.Е. Лоранс Оер, амбасадор на Франција во Македонија.

Во текот на денот се предвидени забавни и педагошки активности наменети за деца и млади до 12 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП