28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПраизведбата на пиесата “Кирил и Методи who are you” заврши со овации...

Праизведбата на пиесата “Кирил и Методи who are you” заврши со овации од публиката во Букурешт

пиесата

Европската праизведба на пиесата “Кирил и Методи who are you” од Јордан Плевнеш во режија на Марин Кочовски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп во ко-продукција со Сфумато театарот од Софија, Киклос театарот од Солун и Нета (Новата театарска акција во Европа), во среда вечер беше изведена на Големата сцена на Националниот театар во Букурешт во рамките на Европскиот театарски фестивал и наиде на одличен прием кај фестивалската публика која ја награди со долготрајни овации.

По самата претстава разговорите ги водеше Жорж Бану, професор на Сорбона и Претседател на Интернационалната асоцијација на театарски критичари (AICT).

Бану поздравувајќи ги присутните гости рече дека оваа престава е вистински драмски чин кој создава планетарна драма што за прв пат во историјата на светската драмаургија го третира прашањето дали е можна цивилизација на љубовта низ делото Св. Кирил и Методиј.

Тој подвлече и дека Јордан Плевнеш со оваа драма го достигнува врвот на својата естетика, која е богатство не само за Македонија, туку и за Европа и Светот.

Режијата на Мартин Кочовски беше оценета како револуционерно пледоаје кое од светот на Бертолд Брехт влегува со импозантна сила во светот на Плевнеш. Играта на актерите на прилепскиот театар и гостите од Бугарија и Грција, беше оценета како вистинска фасцинација и беа изречени суперлативи за истакнатиот актер Ѓорѓи Јолевски кој е носител на главната улога. Посебен акцент на храбриот спектакл даде легендата на романскиот теар Јон Карамитру, како и врвни книжевни имиња на Романија и гости од различни земји.

Амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, го оцени овој чин како историски настан и рече дека е најубавиот подарок за националниот празник 8 спетември – Денот на македонската независност, кој покажува дека со Кирил и Методи се освојува врвот на европската култура. Интернационалната Одисеја на претставата продолжува на Фестивалот Ристо Шишков во Струмица на 12 септември, а потоа и на фестивалот ExPonto во Словенија на 20 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП