4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОд денеска започнува Пиволенд- Се што треба да знаете за фестивалот

Од денеска започнува Пиволенд- Се што треба да знаете за фестивалот

pivo

Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд прерасна во  препознатлив бренд и веќе 8 години по ред на крајот од летото е заштитен знак на градот Скопје.

Зеленилото и незаборавната атмосфера на вековната туристичка атракција-Скопското Кале го создаваат автентичниот амбиент на овој традиционален фестивал.

Преку 50 пивски брендови на 20 штандови распоредени по скопската тврдина, најдобрите угостителски објекти во Скопје со штандови за храна и мезе и за првпат пивски коктели. Тоа е она што ќе ја обележи осмата година на Пиволенд.

baa

Секако и музиката како неизбежен дел од фестивалот ќе придонесе за што подобро расположение на Кале. Според зборовите на публиката, Пиволенд 2015 можеби е досега најдоброто издание на фестивалот гледано од музичка перспектива. Еден куп урбани, докажани, но и млади бендови за кои што допрва ќе слушнеме се дел од осмото фестивалско издание.  Од странските изведувачи тука е најдобриот диџеј во Југоисточна Европа, најпознатиот српски продуцент и технаџија- Марко Настиќ. Данската атракција Блендед Бру кои ги освоија симпатиите на македонците на Баскерфест, воодушевени од македонската публика повторно се враќаат со свој концерт на Пиволенд. Една од свирките кои не смеете да ги пропуштите на Кале е таа на Лемон Бакет Оркестра, составот кој брои 15 членови и доаѓа од Канада. Воодушевени од балканскиот мелос, овој голем бенд својата музика ја темели на ритми од Македонија, Србија, Романија, Босна.

Хрватскиот бенд Бркови е воодушевен од нашата земја и едвај чекаат да настапат. Тие секојдневно постираат се што е поврзано со Македонија и Пиволенд. Нивните барања за Скопје се скромни- бараат по две тегли ајвар за секој член на бендот. Научија дури и чист македонски за да ги поканат сите фанови да присуствуваат на нивниот настап во сабота (05.09).

Македонските изведувачи се застапени во најголем број и навистина избрани се музичари кои се одлични промотори на нашата музика низ целиот свет. Од организацијата велат дека целта им е што повеќе да се промовира македонска музика, бидејќи нашите музички уметници навистина имаат што да покажат.

Оваа година на фестивалот ќе има три стејџа- главната бина, Бла Бла стејџот за алтернативни бендови и стејџот во Пивница Стар Град под Кале- вкупно ќе има над 100 изведувачи.

Вечерва програмата ја отвара раперот Шинтер како победник на конкурсот за млади изведувачи. По него следуваат Марлон Брандо, Д.Н.О, Тони Зен и Флека, Блендед Бру и за крај дј Марко Настиќ.

Од пиварите пак ветуваат промотивни цени на пивата, речиси сите штандови нудат промоции и пакети со гратис пива.

Организаторите- „Темов“ и град Скопје ве канат да го посетите најпознатиот пивски фестивал и да дегустирате и конзумирате одговорно, а секако доколку го правите тоа да не возите, туку да користите градски јавен превоз и такси.

bcc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП