10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетскиот караван на ДПМ продолжува во Крушево

Поетскиот караван на ДПМ продолжува во Крушево

дпм

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Крушево. На 10-ти септември, во Домот на културата во Крушево ќе настапат 30 поети од различни генерации, учесници во проектот за дисперзија на културните настани во земјата.

Во рамките на годинешниот циклус, поетскиот караван на ДПМ гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип. Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во рамките на соработката со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле.

Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17-ти до 19-ти декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП