Цените на акциите на европските берзи потонаа за над 2 отсто бидејќи и најновите податоци потврдија дека растот на кинеската економија нагло забавува.
FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 11.30 часот беше во минус 2,4 отсто, на 1.397 поени, откако вчера ослабна за 0,2 отсто.
Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 2,65 отсто, на 6.083 поени, додека франкфуртски DAX падна за 2,90 отсто, на 9.957 поени, а париски CAC на 2,85 отсто, на 4.520 поени.
Остриот пад на цените на акциите е последица на податокот за пад на производните активности во Kина, што ги поддржа стравувањата од остро забавување на растот на втората по големина светска економија.
Податоците што изутрината ги објавија кинеските власти укажуваат дека PMI индексот на производствени активности во август паднал од 50 на 49,7 поени, најниско ниво за три години. Уште се послаби податоците на компанијата Markit, според кој PMI индексот паднал на само 47,3 поени, најниско ниво од октомври 2009 година.
„ PMI индексот падна под 50 поени, што е психолошко важно ниво кое во фокус го става фактот дека активностите во Кина паѓаат. Со вака слаби податоци ќе продолжи негативното расположение кое ги одбележа берзите во последните две недели“, рече Џо Рандл.
Лошо на берзите влијаеја и податоците кои укажуваат на забавување на растот на економијата на еврозоната, Италија и на Франција.
Покрај тоа, инвеститорите стравуваат дека американската централна банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки веќе во септември.
Со оглед дека инвеститорите стравуваат од забавување на кинеската економија, најголем светски потрошувач на сировини, што ќе предизвика пад на побарувачката, цените на сировините изутрината остро паднаа.
Поради тоа под најголем притисок беа акциите во рударскиот сектор, кои потонаа за речиси 4 отсто.
FTSEurofirst 300, германски DAX и француски CAC во август имаа пад од девет отсто, што е најголема месечна загуба за четири години.