28 април, 2024
ПочетнаДИЕТИКефирот ги елиминира масните наслаги

Кефирот ги елиминира масните наслаги

kefir 3

По еден месец од конзумирањето на овој напиток, ќе изгубите 3-5 кг. и тоа прво околу стомакот.

За вишокот килограми околу стомакот, често се виновни мрзливите црева, кои спречуваат согорување на масните наслаги и елиминација на нечистотијата од организмот. Нутриционистите тврдат дека за тоа постои многу едноставно решение.

Одговорот се наоѓа во здравиот коктел кој би требало да го замени доручекот, а се подготвува брзо и лесно. Потребно е секоја вечер по 6 суви сливи да прелиете со 100 мл зовриена вода, да ги поклопите и да оставите десет минути да одстојат. За тоа време во еден сад ставете две супени лажици овесни снегулки, лажица сомелено ленено семе и исто толку какао. Прелијте со 300 мл кефир и добро измешајте. Сливите ситно исецкајте ги и додадете ги во претходната смеса, а потоа коктелот оставете го во фрижидер преку ноќ и наутро испијте го на празен стомак.

По 30 дена месец од конзумирањето на овој напиток, ќе изгубите три до пет килограми и тоа прво околу стомакот. Не само што ќе ослабете, туку и тенот ќе ви биде поубав, а косата и ноктите ќе ви зајакнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП