2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДуке Бојаџиев ќе настапи пред децата во Детска клиника во Скопје

Дуке Бојаџиев ќе настапи пред децата во Детска клиника во Скопје

duke 003

Македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев, во вторник ќе свири за дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје. Тој вели дека огромно задоволство му претставува тоа што ќе биде гостин на Детската клиника и очекува многу забава и насмевки на лицата на дечињата.

„Идејата за овој мој ангажман се роди при средбата со претседателското семејство, ова лето во Охрид. Со претседателот Иванов и неговата сопруга Маја разговаравме за моите ангажмани, за музиката, за децата, за музико-терапијата итн. Тогаш дојде идејата и предлогот. Зошто не би одржал мини-концерт за дечињата што се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје? Веднаш, стапивме во контакт со директорката на Детската Клиника, д-р Аспазија Софијанова и со помош на Кабинетот на претседателот ги договоривме деталите, за што сум многу благодарен“, вели Бојаџиев.

Според Бојаџиев, која веќе 15-тина годинии живее и работи во САД, музикотерапијата е составен дел на речиси сите врвни медицински установи во светот.

„Таа има се поголема примена во модерната пракса во конвенционалната медицина, а резултатите на светските истражувања покажуваат многу позитивни промени кај пациентите. Затоа, како и за секој настап се подготвувам професионално и посветено“, вели тој.

Во вторник пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје, Дуке Бојаџиев ќе настапи заедно со Тања Царовска – вокал и Владимир Крстев – виолина, состав со кој настапуваше годинава во Рим, во рамки на одбележувањето на Св. Кирил, а кои беа дел од неговиот тим на концертите одржани летово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП