2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕнергија, отменост, урбана возбуда, со Ван Гог во Хераклеа

Енергија, отменост, урбана возбуда, со Ван Гог во Хераклеа

van gog 22

Енергичност во звучењето, енергичност во изведбата, отменост со урбан вкус, е впечатокот за концертот на легендарните „Ван гог“, кој што во програмата на Бит фест се одржа во античкиот театар Хераклеа.

И „Ван гог“ и Битола и битолчани, со взаемна релација, средба пред шест години, а следното видување пријателско, непосредно, блиско.

Одлични изведувачи и одлична публика во Хераклеа. Вистинско доживување, кое ти дава можност да уживаш во смислата на младоста и љубовта. Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, одличен шоумен, виртуозно владеење со сцената, силна интеракција со публиката. Џуле, скокаше по сцената, ѝ мавташе и се ракуваше со публиката ѝ даваше да ги отпее стиховите на песните кои ги сака. Секоја нивна песна е силен текст со порака, емоции, емпатија.

„Ван Гог“ живее со тие нумери, се чуствуваат едни со други. Ѓуле, Срба, Цвика и Бранислав приредија во Битола одлична свирка, демонстрирајќи го рецептот за успешен концерт и долгoгодишна кариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП