8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на документарниот филм „Мостот меѓу Битола и Нингбо”

Промоција на документарниот филм „Мостот меѓу Битола и Нингбо”

most ningbo

Вечерва во малата сала на Центарот за култура со почеток во 19 часот, во рамките на Битфест, ќе биде промовиран документарниот филм „Мостот помеѓу Битола и Нингбо”.

Филмот ги претставува односите на соработка и пријателство помеѓу македонската општина Битола и седуммилионската кинеска општина Нингбо.

Низ една динамична видео приказна прикажано е како овие две општини од Македонија и Кина, низ еден процес на збратимување, изградија мост на пријателство и соработка од Битола до Нингбо отворајќи со тоа перспективи за идна соработка и развивање на контактите на економски и културен план, инвестирање и промоција на националните производи од двете држави.

Филмот е насловен „Мостот помеѓу Битола и Нингбо” при што насловот ја истакнува симболиката на големината на мостот на пријателството помеѓу Битола и Нингбо. Имено, во Нингбо се наоѓа најдолгиот прекуморски мост во светот, долг 36 километри, кој го поврзува градот со финансиската престолнина Шангај. Овој физички мост е симбол на економската моќ на Нингбо. Од друга страна, мостот на пријателството од Битола до Нингбо е уште поголем, долг е околу 12.000 километри (растојание меѓу Битола и Нингбо), што ја симболизира големината на добрите намери и пријателските односи на двете општини.

Документарниот филм, чиј автор е новинарката Анета Шијакова, е сниман во Нингбо, Кина и Битола во текот на 2014-та и 2015-та година.

Преку видео материјалите снимени во Нингбо, филмот го претставува овој развиен град во Кина кој што го нарекуваат портата на Кина за светот, при што филмот пренесува и интервју со Директорот на канцеларијата за надворешни работи на Нингбо, Конг Веивеи, кој е 75-та генерација потомок на познатиот кинески филозоф Конфучиј.

Во документарниот филм се обработени и посетите на кинеските делегации во Битола и нивниот интерес за економска соработка, како и престојот во Кина на битолскиот градоначалник д-р Владимир Талески.

На овој начин филмот „Мостот помеѓу Битола и Нингбо“, дава еден заокружен приказ на процесот на збратимување, но и развојот на односите помеѓу Нингбо и Битола, како основа за развој на бизнис, културни и други релации помеѓу Битола и Нингбо во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП