18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонија учествува на Сараевскиот филмски фестивал

Македонија учествува на Сараевскиот филмски фестивал

saraevski65656565656

На овогодинешниот 21. Сараевски филмски фестивал кој се отвора во петок, Македонија има најголемо присуство на учесници на разни сегменти на фестивалот.

Во недела филмот „До балчак“ на Столе Попов ќе ја има својата меѓународна премиера на која ќе гостуваат и дел од носителите на главните улоги, актерите Инти Шрај, Мартин Јордановски, Јордан Симонов и Драган Спасов Дац.

На овогодинешното издание на меѓународниот со-продуцентски филмски маркет CINELINK меѓу 14 нови филмски проекти се и проектите „Ништо страшно“ на Димитар Банов и „Животот започнува“ на Сергеј Станојковски. Агенцијата за филм му додели грант за пишување на сценариото „Ништо страшно“ на Димитар Банов како наградена идеја на конкурсот во 2012 година.

Оваа година на CINELINK востановува и награда MFA CineLink за најдобар проект во висина од 10.000 евра за развој на нов филмски проект. Оваа награда е награда која до минатата година ја доделуваше францускиот филмски фонд CNC, a оваа година ќе ја додели Агенцијата за филм на Македонија. Со оваа награда Агенцијата за филм ја утврдува својата лидерска позиција во регионот во напорите за унапредување на кинематографијата преку избор на квалитетни меѓународни филмски проекти.

На талент кампусот „Талентс Сарајево“ годинава имаме рекорден број млади филмаџии. На овој меѓународен кампус богат со многу работилници водени од врвни експерти Македонија ќе ја претставуваат актерите Дениз Абдула и Ивана Павликовиќ, режисерите Лидија Мојсовска и Тамара Котевска, Гоце Кралевски и Марија Димитрова како продуценти и директорот на фотографија Наум Доксевски. На „Талентс Сараево“ во работилницата за пакување и презентација на филмски проекти „Pack and Pitch” ќе учествува Марија Димитрова со проектот „Сестра”./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП