22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на фотографии и поетско претставување на Јоханес Беилхарц

Изложба на фотографии и поетско претставување на Јоханес Беилхарц

јох

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“го најавува гостувањето на Јоханес Беилхарц, писател, поет, преведувач, сликар и фотограф од Германија, кој во моментот живее и работи во Рим, Италија.

Ова е уште еден од серијата настани кои имаат за цел промоција на автори од светот кои го заслужуваат вниманието да бидат претставени во градот, но и пошироко, така, неговото претставување со изложба на фотографии и поетска презентација ќе се реализира во два града во Македонија. Првиот настан е закажан за 13 август 2015 година (четврток), во Sub Club – Струмица, со почеток во 20 часот. Вториот настан се реализира во соработка со Дом на култура Гевгелија и ќе се случи во познатиот простор на галеријата „Амам“ во Гевгелија на 15 август 2015 година (сабота), со почеток во 20 часот.

На настаните публиката ќе ја можноста да се запознае како со литературното творештво на Јоханец Беилхарц, така и со неговата уметничка работа како фотограф. На изложбата ќе биде претставена серија на црно бели фотографии дел од негов пообемен циклус кој го работи изминативе неколку години.

Јоханес Беилхарц е р Роден е 1956 година во Оберндорф ам Некар (Oberndorf am Neckar), Германија. Студирал англиски и романски јазици и литература на Универзитетот во Регенсбург, Германија, а потоа англиска литература/ креативно пишување на Универзитетот во Колорадо, Болдер, САД (М.А. 1981 год). Писател, преведувач, сликар и фотограф. Пишува на германски и на англиски јазик. Негови дела се застапени во најразлични изданија на англиски и германски, како антологии, списанија, интернет портали и е-списанија во САД, Германија, Австралија, Романија и Индија. Во моментот живее во Рим, Италија и Плајзхаузен, Германија.

Досега ги има објавено книгите: Рурални песни (поезија), Книга (поетски преводи, заедно со Патрик Каротерс и Ејми Левин), Злите мравки (Die gottlosen Ameisen) (раскази), Крај на играта (краток драма објавена под името Џејмс Стирфорт), Индиски песни и раскази (Indische Gedichte und Geschichten (преводи на индиска поезија и песни и раскази поврзани со Индија), Најдобро од Меме (поезија и кратка проза), 101 (хаику и Фибоначи песни), Финската џез песна за неразбраниот (Eine finnische Jazznummer für die Missverstandenen) (песни).

Преводи: Барбара Гест, Падобрани, љубовник (германски превод на избрани песни од Барбара Гест), Енрик Касасес, Куќите во мојата улица (од каталонски). Создава поетски читања, често пропратени од џез и индиски класични музичари, од 1980 година наваму. Има учествувано на голем број на уметнички настани и учество во групни изложби во Германија, Франција, Индија и Италија од 2002 година наваму. Ја освои 2-рата награда на конкурсот „ La Stabilità“, организиран од Центарот за уметност „Castel Gandolfo“, Италија, 2014. Учествуваше на Меѓународниот фестивал „Curtea de Argeş“ – вечери на поезијата во Романија, во 2014 година, а исто така зеде учество и на првата светска конференција на 100 илјади поети за промена во Салерно, Италија, во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП