15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБитола домаќин на балкански и европски ракотворци

Битола домаќин на балкански и европски ракотворци

rakotvorci 3303

Здружението Астерион 5, по трет пат во рамките на Бит фест е организатор на Балканска колонија на ракотворци.

Балканска колонија на ракотворци е фестивал од културата на ракотворењето или како што формално – правно се наречени производите „домашни ракотворби“ – сите производи изработени со едноставни алатки, материјали кои може да се најдат во малите локални бизниси, во традиционална техника, во кои е вткаена многу вештина, љубов и надеж.

Здружението Астерион 5 обезбеди и балкански учесници, а неговиот концепт вклучува едукативни содржини, работа пред публика и промоција. За учесниците оваа Колонија претставува можност за иновативност и надградба на квалитетот, практична проценка низ артистичката и комерцијалната оценка.

Годинава, Балканска колонија на ракотворци се одржува од 12 до 16 август, со учесници од Австрија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Македонија и особено е задоволството што годинава комисијата избра и учесник кој е по потекло од Романија, но живее и работи во Македонија.

Во програмата на Колонијата предвиден е и мастерклас во времетраење од пет дена со академскиот уметник, скулптор и специјалист за мозаици Руслан Сергеев, од Израел. Тој ќе работи со шест дипломци и студенти од ФЛУ при УКИМ, предводеи од Тони Николовски, виш конзерватор и рествратор.

Колонијата и со офф-програма: трибина за дефинирање на профилот на битолскиот чкембар, а скицата ќе ја направи Рамазан Ајкилич, сликар од Измир, Турција.

Крајната цел на Колонијата е нивните цртежи да прераснат во битолски традиционален сувенир.  Во рамките на Колонијата во сабота, на 18 август, ќе се одржи и трката на авторот Живко Поповски – Цветин за влез во Гинисовата книга на рекорди за 2015, со најдолгата насликана со акрилни бои и цвет, Цветна патека за мир.

Првите две изданија се реализираа благодарение на поддршката од покровителот на Бит Фест, градоначалникот на Битола, а ова трето издание на Колонијата ја има и поддршката од Министерство за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП