4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПаја Бенд на Т'к Так Фест

Паја Бенд на Т’к Так Фест

тк-так-фест

Речиси и да нема кој не ја знае легендарната „Роза“ на Паја Бенд, но, дали некогаш сте ги слушнале или доколку сте од повозрасната генерација дали се сеќавате кога последен пат во живо сте ги виделе заедно на сцена луѓето кои први го отпеаа заразниот хит „Зошто Розе креваш нозе, нели ти е мака“.

По долги години, Столе Аврамов, Златко Вузевски – Пајата, Џовани Анѓелков, Глигорчо Ралев и Горан Таневски повторно заедно и тоа на сцената на четврото издание на „Т’к Так Фест“ ќе го одсвират музичкото парче кое остави траен белег во музичката историја на Кавадарци.

„Чест и задоволство ми е што и годинава ја имаме несебичната поддршка од легендите на кавадаречката и македонската рок сцена. Драго ми е што момците од „Паја Бенд“ ја прифатија нашата покана, и ќе евоцираат многу спомени кај сите присутни кои на 5 септември ќе бидат дел од четвртиот „Т’к Так Фест“ – ни изјави Марко Матиев, дел од организациониот одбор на „Т’к Так Фест“.

Покрај Паја Бенд, на годинашното издание на фестивалот посветен на македонската рок легенда Трајко Каров ќе настапат уште неколку легендарни македонски рок состави, а посебно место на фестивалот пред настапот на главните ѕвезди чие име ќе биде наскоро соопштено ќе има и за минатогодишните победници на натпреварот за демо бендови, Chromatic Point.

Од организациониот одбор уште информираат дека сеуште е во тек и конкурсот за демо бендови за кој досега интерес за учество пријавиле дваесетина бендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП