18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Вечниот син“ од Кристовао Теза на македонски јазик

„Вечниот син“ од Кристовао Теза на македонски јазик

hristavo-teza

Издавачката куќа „Икона“ соопшти дека неодамна го објави романот „Вечниот син“ од бразилски автор Кристовао Теза, за која ги доби наградите Жибути, наградата на Португалскиот Телеком и престижната Сао Паоло награда за литература која подразбира и парична добивка од околу 100.000 долари.

„Вечниот син“ е искрена автобиографска новела од писател кој има дете родено со Даунов синдром.

Кристовао Теза, еден од најистакнатите современи писатели од Бразил, го опишува искуството од првичниот шок кога ја дознал дијагнозата, трудот да го разбере светот на болниците и терапиите, притоа испреплетувајќи ја приказната за животот на неговиот син Фелипе со сопствената животна приказна.

„Фелипе, кој живее во вечна сегашност, станува извонреден млад човек; за Теза, сепак, приказната е намирување на сметките со самиот себе и неговите ограничувања и, конечно, до помирувањето со возвишените ирониии и арбитрарности на животот. Тој се бори со фантомот на срамот, со состојбата на неговиот син која како да е негативен показател на неговата вредност, и копнее по “нормален “ свет кој секогаш му е надвор од дофат. Читајќи ја оваа привлечна книга е како да се сопнуваш од некоја дупка и влегуваш во умот на писателот, каде што ништо не е цензурирано, и сè постојано се испитува и реинтерпретира. Резултатот е – тешко стекната филозофија на секојдневниот живот“, велат од „Икона“ за книгата.

“Сан Хералд“ за книгата пишува – Бразилскиот автор Теза применува непоколеблива искреност и писателска љубопитност во приказната за неговото постепено прифаќање на сопствениот син. Неверојатна приказна за татко кој, сепак, наоѓа понизност.
Романот на македонски јазик го преведе Димитар Симоновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП