5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо 30-те дена Бит фест 2015 над 150 настани и повеќе од...

Во 30-те дена Бит фест 2015 над 150 настани и повеќе од 500 учесници

bit fest 33

На половината од 60-дневното траење на Бит фест 2015, организаторите на оваа традиционална културна манифестација која се одржува во Битола, може да се пофалат повеќе од 150 одржани настани во кои беа вклучени над 500 уметници.

Десеттото јубилејно издание, нудејќи содржини за сите возрасти и вкусови, и овојпат за свој најсилен партнер ја имаше публиката. Битола целиот овој период живее со Бит фест, а сите нејзини сцени, како Широк сокак, летната сцена Тумбе кафе, Хераклеа, Магнолија, на кои се реализираат настаните се на моменти и претесни да ги прифатат битолчани – оние од градот и околината и оние кои од Европа и прекуокеанските земји го минуваат дел од својот летен одмор во родната Битола.

Култура, во сите форми и видови, литература (промоција на одлични наслови), традиција конзулска и староградска (Локум фест), интернационални презентации на европските национални култури, одличен театар (Шекспир фестивал Битола), презентација на музичката оставштина и повеќедецениска традиција на Битола (Битолски камерен оркестар, Битолски дувачки оркестар, опера Марија од Буенос Аирес), Бит фест 2015 форма и за изнаоѓање и воспоставување и економска соработка (Израелски амбасадор, светски новинари, промоција на Битола како простор за воспоставување стопански и инвестициски релации).

А вечерва започнува еден од најстарите битолски фестивали, четирисесет и петтото јубилејно издание на Илинденски денови со традиционалното дефиле, кое буквално го анимира вниманието на битолчани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП