2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБогатиот македонски фолклор доловен од дијаспората на Прилепско културно лето

Богатиот македонски фолклор доловен од дијаспората на Прилепско културно лето

mak-folklor

Денес, 28-ми јули, во 21 часот на центаралниот прилепски плоштад „Александрија“ во рамките на Прилепското културно лето целовечерен концерт ќе одржи ансамблот „Македонка“, од Торонто, Канада, чиј домаќин ќе биде Културно уметничкото друштво „Моминок“ од Прилеп.

Ансамблот „Македонка“ е еден од најпознатите ансамбли на македонски песни и ора во Торонто и воопшто во северноамериканскиот континент. Основан е 1959 година и веќе полни 69 години ја претставува канадско-македонската заедница на разни настапи во Канада, САД, Порторико, Австралија, Европа и во Македонија.

Основач, кореограф е Александар (Алек) Петличков, а последните години Крис Петличков полека ја презема иницијативата околу корографиите на новите ора со што се зголемува богатиот репертоар на аснамблот „Македонка“ кој има постигнато значајни резултати на духовен и културно уметнички план меѓу македонската заедница во Торонто.

Низ ансамблот минале бројни генерации кои ги направиле првите чекори на македонското оро за подоцна да израснат во врвни играорци и да станат виситнски амабасадори на македонската песна и оро. Има реализирано бројни настапи, меѓу кои во 1962 година прв настап во „Колубус хал“, во Торонто, 1963 година во „Мајси хол“ во Торонто, во 1971 настап по покана од Канадскиот парламент, а во 1982 година гостување во Порторико. Ансамблот, исто така, пет пати гостувал во Македонија, а редовно настапува на сите црковно народни собири на Американско Македонската православна епархија од 1975 година до денес.

КУД „Моминок“, е релативно малд ансамбл, основан 2003 година. Во друштвото се зачлениле повеќе од 300 членови од основањето до денес. Друштвото го поттикнува, развива и јакне интересот кај младите луѓе за културата и уметноста посебно за фолклорот во сите негови форми, ја презентира македонската фолклорна традиција и фолклорната традиција на народите. ги негува традиционалните обичаи, песни и игри. ја насочува културно уметничката и социјалната програма према основните принципи на музичко – сценскиот аматеризам. врши организирано едукативно собирање и вежбање на младите луѓе, ги насочува младите луѓе да го воочат и прифатат традиционалното во новиот начин на живеење.

Во текот на своето постоење друштвото има гостувано и учествувано речиси на сите фолклорни фестивали, манифестации, собири и друго во Македонија при што има добиено разни дипломи, благодарници, признанија итн.
Друштвото, исто така, има гостувано и надвор од земјата, како во Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, во Романија на Интернационалниот фестивал за фолклор и традиција во Букурешт, во унгарската престолнина Унгарија….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП