22 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАОдржано предавање во врска со експерименталната археологија

Одржано предавање во врска со експерименталната археологија

eksp-arh1

Предавање на тема „Експериментална археологија – реконструкција и производство“ Francesco AntonioCellamare- Gruppo RASNA ( Italy) организираше во понеделник НУ Археолошки Музеј на Македонија, во соработка со Конзерваторски Центар –Скопје.

Настанот го отворија директорката на Археолошки Музеј на Македонија Весела Честоева и Ема Петрова –дир на Конзерваторски Центар Скопје.

Темата на настанот беше размена на искуства за потенцијалот на експерименталната археологија која директно би можела да придонесе во развојот на сферата на туризмот.

Овој вид на археологија значително влијае и на популаризација на археологијата како наука, доловувајќи им ги на туристите „археолошките моменти“ надвор од музеите. Една од главните цели е да се доживее историјата преку искуство и директен контакт со предметите, алатите и материјалите кои се користеле во времето на нивната изработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП