10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИги Поп и Грејс Џонс во главните улоги во „најгласниот нем филм...

Иги Поп и Грејс Џонс во главните улоги во „најгласниот нем филм на Земјата“ – (видео)

имаима

Славните музичари Иги Поп, Грејс Џонс, Хенри Ролинс и Џес Хјуз, фронтменот на групата Eagles of Death Metal, ќе глумат во новиот нем филм „Gutterdammerung“, кој е опишуван како „најгласниот нем филм на Земјата“, а ќе го режира белгиско-шведскиот режисер Бјорн Тагемосе.

Иги Поп, како што пишува во вторникот Uncut, ќе го толкува ликот на „панк ангелот“ Вициус, Ролинс ќе биде „злиот пуритански свештеник“, а Грејс Џонс „една личност којашто не може да го контролира сиот тој тестостерон на рокенрол гадовите во овој гласен филм“ и „последното лице коешто ќе го видите пред смртта“. Хјуз во филмот ќе се појави во улогата на ловец кој „го убива звукот за пари“, и работи за луѓето кои „го користат лажниот морал како репресија“.

Режисерот Бјорн Тагемусе го опишува филмот сместен во свет кој Господ го спасил од гревовите одземајќи му го на човештвото ѓаволскиот „грал на гревот“ – злата гитара. Така Земјата се претворила во пуританско место без секс, дроги и рокенрол.

„Високо од небото панк ангелот Вициус гледа на светот досадувајќи се и на Господа зад грб ја враќа на Земјата ‘злата гитара’, а со неа и сите гревови во сите форми. Злите пуритански свештеник ќе ја изманипулира наивната девојка да ја најде гитарата и да ја уништи. На својот пат на трагањето по гитарата, девојката се соочува со сите изроди на рокенролот. Наидува и на соперничка во форма на ‘рок парче’ која сака да ја запре во намерата да го уништи инструментот“, раскажува режисерот Тагемосе.

Во најавното видео Ролинс истакнува дека филмот е замислен првенствено како визуелна нарација. Ролинс, кој е потписник на ретките дијалози во филмот, појаснува дека тој не е наменет за гледање на „традиционален начин“, седејќи во кино сала, туку дека публиката ова „многу гласно, целосно обземачко искуство“ треба да го доживее стоејќи.

Инспирацијата за насловот на филмот произлегува од апокалиптичната опера „ „Götterdämmerung“ (Самракот на боговите) на славниот германски композитор од XIX век Рихард Вагнер, во која е опишан Рагнарок, нордискиот мир за војната меѓу боговите и другите суштества.

Филмот ќе започне да се прикажува, односно ќе тргне на турнеја со бенд и со наратор, кон крајот на ова и почетокот на 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП