2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворена изложба на фотографии од Израел и од Македонија

Отворена изложба на фотографии од Израел и од Македонија

izlozba112

На платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето, во понеделникот беше отворена изложбата на фотографии на Љупчо Благоевски од Македонија и Кери Харт од Израел, насловена како насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“.

„Изложбата на авторите Љубчо Благоевски и Кери Харт, не само што е проект кој ја подига културната соработка меѓу нашите држави на повиоко рамниште туку и преку своите фотографии на македонската публика и ја презентираат врската меѓу вековната историја и сегашноста на Израел. Сакам да им се заблагодарам на авторите на изложбата, на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, но и на организаторите на Скопско лето, за овој чекор кон поинтензивното приближување на двата народа“, рече градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Изложбата се организира по повод одбележувањето на 20 години дипломатски односи на Република Македонија со Израел, а во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Израел во Република Македонија.

Авторите Љупчо Благоевски и Кери Харт преку објективот на својот фотоапарат ја овековечиле и на присутните им ја прикажаа поврзаноста на вековната историја и сегашноста на двете земји.

Љупчо Благоевски е роден во Скопје 1964, дипломиран политиколог на Универзитет „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, кој од 2011 година работи како официјален фотограф во МНР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП