5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБогати првите три седмици од јубилејното десетто издание на Бит фест 2015

Богати првите три седмици од јубилејното десетто издание на Бит фест 2015

bit-fest-bit

Бит фест е најзначајна, културно-социолошка манифестација која се одржува во Битола, ‘градот на конзулите’ и традицијата. Шеесет дена битолчани живат со културната сцена, а концептот на Бит фест вклучува збир од бројни настани кои носат културен признак, од индивидуални уметнички креации до реномирани фестивалски случувања.

Веќе поминаа дваесет дена од годинашново издание на Бит фест, а и годинава понудата одлично прифатена од публиката, оттаму и спецификата на Бит фест, во сензитивната интеракција и воспоставената комуникација помеѓу публиката и културните случувања.

Битолскиот камерен оркестар, Партибрејкерс, Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија, кој маестрално ја изведе изворната „На Струга дуќан да имам“, покрај класичните композициски дела на Турина, Блох и Стравински под диригентската палка на Бас Полард, ги означија само големите културни случувања на културните летни сцени низ Битола. Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија е еден од најдобрите студентски оркестри составен од деведесет члена, основан во далечната 1823 година и е најстариот студентски симфониски оркестар во Холандија.

Во рамките на Бит фест 2015, настапи и хорот на Еврејската заедница „Моис Хасон“, кој на битолската публика повторно и приреди незаборавно дружење со композиции од вековната сефардска музичка традиција.

Во битолскиот Центар за култура, во програмата за Бит фест 2015 премиерно беше изведена една од најдобрите светски танго опери „Марија од Буенос Аирес“, од аргентинскиот композитор Астор Пјацола. Аргетинскиот танц, пред публиката прозвучи длабоко инспиративно од Битолскиот камерен оркестар.

Покрај Широк Сокак, Хераклеа, Летната сцена на Тумбе кафе и црковниот храм „Пресвета Богородица“ – Битола, беше место каде во рамките на најдолгото културно лето Бит фест, со свој настап пред битолската публика се претставија хорот „Свето Нектариј битолски“ и хорот „Света Макарина, а гости беа хорот „Херувими“ од Ресен и Ламбе Алабаковски. Публиката имаше прилика да чуе напеви од христијанската византиска традиција – неделни и празнични литургии, како Тропарот на Свети Нектариј, Богородичен кондак, Кресту Твоему, Теририем, Господи помилуј и Достојно ест.

Во четврток навечер битолските најдобри музички ѕвезди Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски, не само што виртуозно ќе музицираат во Пациото на Музејот, туку првенствено, остваруват голема хуманитарна мисија. Нивниот вечерашен концерт има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат донирани за битолчанецот Пеце Роговски.

„Гледајќи го нивниот ентузијазам, желба и волја, кога музиката е главна животна опсесија, знам што за нив значи таа работа, а посебно кога се сака да се помогне на свој другар, на свој сограѓанин. Како и секогаш, така и овој пат Општина Битола повторно излегува во пресрет и дава неизмерна поддршка“, истакна Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП