5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаговестувањето за решавање на проблемите во Кина и Грција ги поттикна нафтените...

Наговестувањето за решавање на проблемите во Кина и Грција ги поттикна нафтените пазари

nafta 300

Цената на нафтата порасна поттикната од закрепнување на кинеската берза и очекувањата за расплет на грчката должничка криза, иако растот е ограничен поради прекумерната понуда и забавената побарувачка.

На лондонската берза цената на барел беше во плус 56 центи во однос на претходното затворање и изнесува 59,17 долари. На американската берза со барелот се тргува по 57 центи повисока цена во однос на претходното затворање, од 53,3 долари.

Цените на кинеските акции пораснаа во четвртокот за над шест отсто па се очекува стабилизацијата на кинеската берза откако само за три недели индексите потонаа за над 30 отсто. Закрепнувањето настапи откако кинеските власти воведоа нови мерки за стабилизација на берзата олабавувајќи ги правилата за добивање на кредити за инвестиции и забранувајќи им на големите инвеститори да продаваат акции на компаниите кои котираат на берзата.

Стабилизација на кинеската берза ги поттикна нафтените пазари  со оглед дека Кина е втор потрошувач на нафта на светот и втора по големина светска економија.

„Распродажбата на лондонската нафтена берза беше поврзана со Кина, а тамошната берза за акции почна да се стабилизира, па и ние почнавме да се креваме од нивото кое беше предизвикано со прекумерните распродажби“, констатира Амрита Сен од Energy Spects.

Дополнителен поттик за инвеститорите беа и надежите за решавање на грчката должничка криза, откако владата во Атина упати предлог реформи до кредиторите во еврозоната, барајќи нов пакет кредити.

Оптимизмот донекаде го пригуши Меѓународната агенција за енергетика (IEA), која во денешниот извештај  изнесе проценка дека цената на нафтата ќе се најде под притисок од натамошното ублажување на глобалната побарувачка и се поголемата заситеност за снабдувањето, како и дека постигнувањето на рамнотежа на нафтените пазари би можело да се одолговлекува и наредната година.

IEA очекува дека растот на глобалната побарувачка во наредната година ќе забави на 1,2 милиони барели дневно, од 1,4 милиони барели во оваа година, што е далеку помалку од потребното за да се избалансира континуираниот пораст на понудата.

„Физички пазарните фундаменти и натаму се слаби, а со оглед дека не се намалува производството на OPEC, ниту доаѓа до прекин во снабдувањето, малку е веројатно дека таквата состојба ќе се промени во значителна мерка“, наведуваат аналитичарите на Deutsche Bank.

Оддлено на својата интернет страница OPEC објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во четвртокот изнесувала 55,54 долари, што значи дека порасна за 1,78 долари во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП