25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПредлог три книги од Табернакул за ова лето

Предлог три книги од Табернакул за ова лето

zivoto-e-na-drugo-mesto

Скопската издавачка куќа „Табернакул“ за ова лето на читателската публика ѝ предлага три дела на познати странски автори.

Доплер – Ерленд Лу

Не само што содржината на „Доплер“ е неверојатно изненадувачка, туку и неговиот стил на пишување е толку едноставен што ве тера да барате повеќе и повеќе, а кикотењето од кое не можете да се воздржите додека ја читате оваа книга е бесценето. Андреас Доплер има и добро семејство, и добра работа и добра куќа. Откако еден ден оди да вози велосипед и во шумата паѓа од него и си ја удира главата, сфаќа дека му е доста од целата таа брилијантност и решава да остане да живее таму. Се спријателува со едно лосче. Почнува да ги мрази луѓето и нивните навики. Го исмејува целото потрошувачко општество. Се запознава со неверојатни личности.
Резултатот е надреалистична, современа општествена критика од највисок квалитет. Ерленд Лу (1969) е норвешки писател од поновата генерација. Порано работел во психијатриска клиника и како фриленс новинар, а денес, покрај занимавањето со книжевност, пишува и драмски текстови. Автор е и на детски книги. Живее и работи во Осло. Првиот роман Однесено од жената, кој е и филмуван, го објавил во 1993 г., а потоа следуваат Наивен. Супер (преведен на дваесет јазици), Факти за Финска, Доплер, Волво камиони, Мулеј и Тивки денови во Миксинг Парт.

Животот е на друго место – Милан Кундера

Животот е на друго место е роман за прв пат објавен во 1973 година.

Авторот сакал да го нарече Лирска доба. Според Кундера, лирската доба е младоста, а овој роман е, пред сè, епопеја на адолесценцијата; иронична епопеја во која нежно се судираат табуата и вредностите на детството, мајчинството, револуцијата, па дури и поезијата.

Музеј на невиноста – Орхан Памук

„Музеј на невиноста“ е роман кој раскажува една интересна љубовна приказна. Но, тој е многу повеќе од тоа. Тој е и една своевидна хроника на животот во Истанбул во седумдесеттите и во осумдесеттите години на дваесеттиот век. Раскажан со прекрасен стил на нобеловецот Орхан Памук, овој роман е привлечен за сите оние што љубат, што љубеле и кои страдале поради љубов. Читајќи го романот, читателот се прашува: Што е всушност љубовта?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП