10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на студенти од Утрехт во Детската клиника

Концерт на студенти од Утрехт во Детската клиника

koncert 0034

Студентскиот оркестар од Утрехт, денеска ќе одржи концерт за децата сместени на одделите на Клиниката за детски болести.

Три групи музичари ќе одржат мали концерти на три локации и тоа на Одделот за Хемато-онокологија, во Амфитеатарот на Клиниката и во игротеката на приземниот спрат. Целта е да се анимираат децата кои на клиниката имаат подолг престој.

Инаку, Студентскиот оркестар од Утрехт е основан во 1823-та година и е најстариот симфониски оркестар во Холандија. Секоја година оркестарот посетува различна држава пренесувајќи ја својата музика на различни култури. На своите тури, повеќе од 17 години, тие се предводени од нивниот диригент и уметнички директор Бас Полард.

Во Македонија, покрај на Клиниката за детски болести ќе одржат концерти и во рамките на Скопско туристичко лето, Летниот фестивал во Битола, во Домот за деца без родители – „11 Октомври“ и на уште неколку локации.

Соработката со Студентскиот оркестар од Утрехт е резултат на соработката на Клиниката за детски болести и Амбасадата на Кралството Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП