29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнува 129-то издание на Вимблдон

Започнува 129-то издание на Вимблдон

vimboldonnnnn

Најпретижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, денес по 129-ти пат ќе започне во Лондон.

Традиционално, прв на тревата на Централниот терен на Сеанглискиот клуб, ќе излезе бранителот на трофејот од претходната сезона, во случајов Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер, кој е прв носител на турнирот, за противник ќе го има Германецот Филип Колшрајбер, инаку 33 на АТП листата. Дуелот помеѓу овие двајца ќе започне во 14 часот по средноевропско време.

По мечот Ѓоковиќ-Колшрајбер, на Централниот терен ќе се играат дуелите помеѓу Марија Шарапова и Џохан Конт, односно Стен Вавринка и Жоао Соуза.

Првиот ден на турнирот ќе настапи првата носителка во женска конкуренција Серена Вилијамс, таа за противничка ќе ја има Русинката Маргарита Гаспарјан.

Од поинтересните дуели се издвојуваат оние во машка конкуренција во кои ќе играат Кеи Нишикори и Симоне Болели, односно Милош Раониќ и Даниел Химено Травер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП