Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, остро го критикуваше милијардерот Илон Маск во интервју за „Фајненшл тајмс“, велејќи дека со своите постапки во владата на Доналд Трамп, тој, како најбогат човек во светот, ги убива најсиромашните деца во светот.
Гејтс, исто така, изрази негодување поради улогата на Маск во затворањето на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
„Сликата за најбогатиот човек во светот како ги убива најсиромашните деца во светот не е убава“, рече Гејтс, додавајќи дека Маск е одговорен за прекинувањето на американската помош за децата заразени со ХИВ во Мозамбик.
Во февруари, Гејтс го критикуваше Маск на Си-Ен-Ен кога тој ја пофали улогата на УСАИД во спасувањето животи низ целиот свет и зајакнувањето на односите на САД со светот. УСАИД беше една од првите агенции што беа цел на Маск и неговите колеги во Канцеларијата за владина ефикасност на Трамп.
Критиките на Гејтс доаѓаат откако тој објави дека неговата добротворна фондација ќе потроши 200 милијарди долари во следните 20 години, по што ќе биде затворена.
„Ова ни дава јасна цел. Ќе имаме многу повеќе пари бидејќи ќе трошиме помалку пари во текот на 20 години, наместо да се обидуваме да бидеме трајна фондација“, нагласи основачот на „Мајкрософт“.
Гејтс, исто така, објави дека ќе подари 99 проценти од своето богатство до крајот на животот.